Песни на нашата младост

Минатиов петок во Гранд Нерет рецепцијата имавме можност да го вратиме времето неколку декади наназад, присетувајќи се на многуте хитови на живата легенда Ефто Пупиновски.

Многумина ги пееја заедно со него познатите песни “Туѓа си бескрајно”, “Тинке Катинке”, “Лихнида кајче веслаше”, “Прости ми душо моја”, “Ана”…
Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, со своето појавување создаваше наелектризирана атмосфера, додека Христијан Божинов – Кико и Петра Велковски настапија со разновиден репертоар.
На 10 јуни е концертот во Волонгонг, додека на 11 јуни е во Канбера. Турнејата на Ферус ќе продолжи уште со два концерта, и тоа на 17 јуни повторно во Сиднеј и на 18 јуни во Гранд Нерет рецепција во Мелбурн.
Ефто Пупиновски и Петра Велковски имаат посебен концерт во Перт во сабота, на 25 јуни во Македонскиот центар Илинден.

Останати вести