Пет години постоење на Музејот на македонската борба – над 200.000 посетители

Над 200.000 домашни и странски посетители од околу 80 земји биле во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од септември 2011 година, кога оваа национална установа беше отворена за 20-те години независност на Република Македонија.

Секоја година Музејот го посетуваат по околу 50 високи државни делегации, а годишно во него се одржуваат меѓу 150 и 200 настани, од кои триесетина се во негова организација.
– Пет години подоцна, може да кажеме дека успеавме во нашите намери – Република Македонија денеска поседува еден историски музеј со поставка која сеопфатно, слоевито, неселективно и објективно ни ги прикажа најзначајните моменти од современата историја на македонскиот народ, сеќавањата за опстојот и саможртвата на сите револуционери, преродбеници и идеалисти кои сонуваа за независна Македонија. Денес, Музејот на македонската борба е една од најпосетените институции од областа на културата во Република Македонија воопшто, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
На вкупна површина од 2.500 метри квадратни, во Музејот на македонската борба преку изложени експонати, слики на значајни настани и личности и нивни восочни фигури, како и преку живи сцени кои го доловуваат амбиентот, е прикажана историјата од почетокот на 19-ти до крајот на 20 век.

Останати вести