Федералната полиција уапси пет лица под сомнение дека планираат да го преминат океанот со мал чамец, и од Индонезија да заминат за Филипини откаде би отишле на Блискиот Исток за да се приклучат на „Исламска држава”.
Мажите од Мелбурн се на возраст меѓу 21 и 33 години и биле следени од властите, додека влечеле брод од Викторија до североисточниот дел на Квинсленд.
Петмината малоумници планирале да стигнат до Филипините со малечок чамец и оттаму да отпатуваат за Сирија, објаснуваат од полицијата. Доколку не биле уапсени тешко дека би го преживеале патот со малиот чамец и без поморско искуство. Затоа дебатата беше доколку требаше да се спасуваат овие пет кловнови на отворено море тоа многу повеќе ќе ја чинеше државата. Според австралиските закони влегувањето или подготовка за влез во странска земја со цел земање учество во борбени дејства е дело што се казнува со долготраен затвор.
Помеѓу петте радикали е уапсен и испламскиот проповедник Муса Серантонио, 31, од Мелбурн, кој се сметаше за главен пропагандист на џихад и насилната Исламска држава, тој веќе еднаш беше фатен во сличен обид на Филипините и депортиран во Австралија. Муса, кој има голем број на следбеници на интернет во 2014 година се фалел дека ги избегнал сите контроли и се наоѓа помеѓу џихадистите во Блискиот исток, иако никогаш не го напуштил регионов. Очигледно од конфорот на тропското место заговарал убивање и создавање на Калифат, притоа фантазирајќи за својата храброст. Федералната полиција на Австралија по вторпат го следела со месеци и го пронашла и пречекала во градчето Кернс, каде и е уапсен.