Во Мелбурн се одржаа четири целосно распродадени концерти со македонските ѕвезди и со најпопуларните хитови во моментов: Влатко Миладиноски со “Велат не нема” и Дамјан Стојаноски со “Тешко мина докторе”.
Слична е ситуацијата е и со следните концерти за викендов во Волонгонг, Сиднеј и Квинбијан, кои се веќе распродадени до последното место. Тоа го потврдува Аце Петровски, претседател на Австралиско Македонската младинска организација “Никола Карев” кои се организатори на овие концерти. За концертот во Панчбол за Велигденска сабота во Сиднеј, продадени се веќе преку 600 карти и наскоро ќе биде исполнет максимумот и тој се очекува да биде распродаден.
Поради големиот интерес во Мелбурн е закажан петтиот концерт за четврток, на 18 април. Дополнителниот концерт ќе се одржи во Емералд рецепција во Томастаун, еден ден пред празникот за католичкиот Велик петок. За повеќе информации и карти јавете се кај Аце на моб: 0417 128 641 или во Емералд рецепција на тел: 9466 4603.
Во меѓувреме Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски придружувани од групата Пелистер следниов викенд настапуваат во Волонгонг, Сиднеј и Квинбијан, поточно на 12 април се во Волонгонг, на 13 во Сиднеј и во недела се во Квинбијан.


