Пикник на денот на независноста во Сиднеј

По повод 8 септември, третиот Илинден – денот на независноста на Република Македонија, во организација на Македонската Православна Социјална Служба за Нов Јужен Велс, во паркот Рогдаел се одржа пикник за Македонската заедница во Сиднеј.

На пикникот беа присутни, г. Мајкл Сибиновски, претставник на Македонската Амбасада во Канбера, со својата придружба, г. Николче Мицкоски, советник во општината Рогдаел, свештениците на  Македонската Православна Црква во Сиднеј, др. Зоран Бечваровски, претседател на Австралиско Македонската Медицинска Асоцијација во Сиднеј, др. Никола Митрев, доктор во државната болница  “St George” во Когра,  Татјана Неделковска, претседател на добротворната асоцијација  “Св. Архангел Гаврил” од Сиднеј, бизнисмени, гости од Колумбија, Јужна Америка и Mакедонци од сите поголеми населби на Сиднеј.

Гостите се послужија со скара, салата, сторени лути пиперчиња, колачи, торти по секаков вкус и македонско кафе. Но мораме да признаеме, хит на пикникот беа македонските ќебапи, па така некои од гостите велеа ‘цел  Рогдаел мириса на македонски ќебапи’.

Децата играа, младите се дружеа, возрасните си разговараа, многумина си разменија  контактни телефони, за да продолжи и по пикникот пријателството, но најважно од се, сите беа исполнети  со почит и љубов едни кон други и татковината Р. Македонија, горди што сме Македонци со своја македонска држава.

На сите Македонци по целиот свет нека ни е честит и вечен празникот на независноста на Република Македонија.

Павлина Змејкоска,

член на МПСС за НЈВ

Сиднеј

Останати вести