За Денот на Австралија традиционален пикник во Кинг Лејк

Минатава недела, по повод Денот на Австралија, се одржа традиционалниот годишен македонски пикник во “Паркот на Македонија” во Кинглејк.

Парохискиот свештеник о. Климент изврши Водосвет и Благодарствен Молебен во манастирската црква “Св. Климент Охридски”.
На овај настан, како дел од забавната програма настапи оркестарот “Силвер Бенд” со богат избор на македонски народни песни и ора.
Присутните Македонци дента се собраа и се дружеа заедно уживајќи во убавиот ден и природата на манастирскиот комплекс.

Останати вести