Пирели: Изборот на екипите за Австралија

Пирели го објави изборот на пневматици на екипите за првата трка во сезоната, Австралиското ГП. Според правилата за оваа година, Италијанците избираат само 3 сетови гуми, а останатите 10 се право на избор на екипите.

Хамилтон избра еден сет медиум, додека Розберг избра два, за сметка на софт. Двајцата возачи на Скудерија Ферари имаат идентичен избор. По 7 сетови суперсофт и идентична алокација на медиум и софт избраа возачите на Вилијамс, Ред Бул, Торо Росо и Мекларен, додека кај Хаас, Роман Гросжан има сет софт гуми повеќе од Гутиерез.
Чуден е изборот на Рио Харианто и Паскал Верлејн за Манор. Тие се единствените кои имаат повеќе од два сета медиум, дури по 4, исто толку сетови софт, а по 5 сетови суперсофт.
Мерцедес, Заубер и Хаас се единствените тимови со различен избор кај двајцата возачи.

Останати вести