Наши писатели од Сиднеј Ќе гостуваат во Мелбурн

Промоција на делото на нашите литературни творци

Во соработка меѓу литературните друштва Глигор Прличев од Сиднеј и Браќа Миладиновци од Мелбурн, в петок, на 29 август од 18:30 часот во просториите на социјалниот клуб на Престон Македонија, 231 Broadhurst Avenue, Reservoir, се организира промоција на еминентните македонски автори од Австралија Душан Ристевски и Иван Трповски.

Двајцата се добитници на наградата “Стојан Христов” и имаат долгогодишно творечко дело. Вечерта ќе можете да се сретнете со авторите и да се запознаете со нивните книги. Исто така ќе можете во Мелбурн подобро да се запознаете со друштвото “Глигор Прличев” од Сиднеј што се смета за најуспешното литературно друштво на дијаспората, со долгогодишна традиција и голем број изданија.

Останати вести