Писмо од Македонска Заедница на Западна Австралија

MACEDONIAN COMMUNITY OF W.A. INC. (Est 1942)

MACEDONIAN ORTHODOX CHURCH OF ST NIKOLA
W.A. MACEDONIAN CLUB INC.
STIRLING LIONS SOCCER CLUB
PO Box 12, North Perth WA 6906 Cnr Albert St and Macedonia Place North Perth Western Australia
Tel 08 9328 7852 email: admin@macedoniawa.com.au
web: www.macedoniawa.com.au
17 June 2017
Господин Зоран Заев
Претседател на Владата на Република Македонија

Почитуван
Господине Заев,
Во име на Македонската Заедница за Западна Австралија, првата македонска заедница основана во Австралија пред 76 години, ние би сакале да ја изразиме нашата длабока загриженост во однос на неодамнешните збиднувања во Македонија кои резултираат со појавата на сериозни закани за независноста и суверенитетот на нашата татковина.
Ние сметаме дека формирањето на новата влада во Македонија беше овозможено и спонзорирано до некој степен од ЕУ, САД и активностите на разни невладини организации кои дале небулозни ветувања дека на Македонија ќе и биде понудено да се зачлени во НАТО и ЕУ ако исполни одредени критериуми за пристапување кон тие организации, влучувајки и промена на официјалното историско име на земјата. Иако за вас и бројни државјани на Македонија зачленувањето во ваквите органицзации изгледа како панацеја за бројните проблеми со кои што се соочуваат Македонците во секојдневниот живот, ние најодлучно Ве советуваме да ги земете во предвид штетните последици што ќе уследат ако Македонија се зачлени и се согласи со решенија кои ќе задираат во достоинството и самопочитта на Македонија и Македонците. Со оглед на тоа што Велика Бртианија решила да излезе од ЕУ и сериозните финансиски и економски проблеми на земји како Грција и Бугарија, ние најсериозно сами се прашуваме зошто Македонија има потреба толку брзо да пристапи кон овие организации кога од неа се бара да направи навредливи и понижувачки отстапки како предуслови за влез во истите.
Бессрамното задоволување на крајно агресивните барања на албанското малцинство во Македонија кое што ужива човекови и други права кои што многу мал број малцинства во светот ги имаат, е нешто што ги загрижува сите Македонци. Било кој обид да се спроведува таканаречената Тиранска Платформа која беше состсавена во Тирана и одобрена во Косово и за која силно се залагаат вашите коалициони партнери, ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците, ќе биде најсилно осуден од нас бидејќи тоа подразбира разредување на независноста и суверенитетот на земјата и несомнено би довело до распаѓање на унитарната и независната македонска држава. Ние не прифаќаме дека овие партии не се повеќе посветени на спроведувањето на оваа платформа, иако за сега од тактички причини таа не се посочува како главен приоритет.
Дојде време Македонија цврсто да се исправи и да си ги брани интересите. Дури да успее Македонија да се зачлени во ЕУ во наредните неколку месеци, ќе треба да поминат многу години посветени на спроведување на неопходните економски, општествени и судски реформи за да се подобри животниот стандард на населението и да може да се спореди со оној во побогати, водечки држави како Германија, Франција и Шведска. Масовното иселување на млади вискообразовани лица кои веројатно ќе бидат принудени да вршат непривлечни, аргатски работни задачи додека се вклопуваат во новите средини, ќе биде непосредниот резултат на зачленувањето во ЕУ и ќе има мошне негативни последици за Македонија. Освен тоа, портите на македонската екононија ќе се отворат широко и неконтролираната конкуренција од појаките Европски економии ќе резултира со поглоема невработеност и повисоки цени на домашниот пазар откако ќе се спроведат законите и легислативата на ЕУ. Тоа никако нема да биде корисно за Македонија или македонската нација. Добра алтернатива на членство во ЕУ би било да се зајакнат врските со земјите кои припаѓаат на Европската Асоцијација за Слободна Трговија (ЕФТА-Исланд, Лихтенштејн, Норвешка и Швајцарија) која има специјална трговска и политичка поврзаност со ЕУ и преку која се олеснува трговската размена со ЕУ. Исто така би можело да се побара доделување на статус на “привилегиран партнер” кој нуди бенефиции слични на тие што ги имаат земјите-членки на ЕУ, без притоа формално да се побара полноправно членство во ЕУ. Важен предуслов за економскиот подем на Македонија би било земјата да се претвори во атрактивна туристичка дестинација и да се додава дополнителна вредност на стоката која што се извезува од Македонија. Освен тоа огромен придонес за економскиот развиток на Македонија би било- дали се бара членство во ЕУ или не- да се зајкне борбата против корупцијата, да се создаде професионална, департизирана државна администрација , да се зголеми продуктивноста на работната снага преку всадување на силна работна етика, додека истовремено се бранат работничките права, се осигураат работните места и се води борба за да се скрши моќта на олигарсите кои ги запоседнаа државните претпријатија приватизирани во 90-те години.
Исто така зачленувањето во НАТО нема да ја гарантира безбедноста на земјата и не ја исклчува можноста таа да биде нападната од некоја од соседните држави. И Грција и Турција беа земји-членки на НАТО за време на инвазијата на Кипар во 1974г. и оттогаш па се до ден денес некоклу пати имало помеѓу нив вооружени судири и сукоби. Освен тоа, не постои во НАТО механизам за решавање на несогласувања помеѓу земите-членки кои може да резултираат со воен конфликт.
Ние во дијаспората не можеме рамнодушно да гледаме како се лишува од својот идентитет и достоинство единствениот слободен, независен и суверен дел на етнографска Македонија преку понижувачки отстапки кои имаат за цел да задоволуваат туѓи интереси кои што воопшто не покажуваат никаква грижа за благосостојбата и иднината на Македонија .
Ние најискрено се надеваме дека вашата влада ќе ги земе во предвид ставовите изразени во ова писмо и дека ќе постапите согласно највиталните државни интереси на Македонија, македонската дијаспора и целата македонската нација при справање и решавање на многуте проблеми и предизвици со кои што е соочена Македонија.

Со почит
Крис Ангелков
Заменик Претседател, Македонска Заедница на Западна Австралија

Копија од ова писмо се доставува до:
Никола Димитров, Министер за Надворешни Работи,
Радмила Шекеринска, Министер за Одбрана
Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Останати вести