Австралиецот Роби Нилс неодамна на социјалните мрежи споделил шокантни слики од питон долг околу три метри, како се качува низ неговата куќа.
Како што навел Нилс, питонот откако го фотографирал, веќе шест месеци живее на кровот од неговата шупа и многу често го среќава во дворот.
– Често се симнува да не поздрави, се пошегувал овој Австралиец.
Тој ден, змијата најпрвин ја видел во дворот, но како што вели останал шокиран кога сфатил дека за кратко време питонот успеал да се качи покрај ѕидот на неговата куча, за да стигне до својата скривница на кровот.
– Не знаев дека можат толку бргу да се движат, рекол Нилс.
Како што додава, на почетокот се плашел од змии, но со време стравот исчезнал и питонот само беззначајно го набљудува додека работи во шупата.
– Не му пречам јас нему, па ни тој не ми пречи мене, додал Нилс.