Млад човек на 18 години бил уапсен во Сиднеј под сомнение дека планира и работи на подготовка на атентат. Според федералната полиција тинејџерот барал цели за извршување на напади во Сиднеј.
Покрај тоа,тој се обидел да купи оружје, објави “Daily Mail”. Во февруари момчето било уапсено на аеродромот во Сиднеј, додека се обидувало да отпатува за Сирија.
Оттогаш младиот Австралиец бил ставен под надзор. Има податоци дека 18-годишниот тинејџер е поврзан со луѓе кои во моментов одговараат пред судот под обвинение за тероризам.
„Тие се многу мирно семејство. Секогаш тивки и пријатни”, коментираат соседи на момчето. Луѓето во соседството се шокирани од веста за апсењето. “Не сме очекувале да се случи нешто слично на ова семејство. Има други соседи, од кои можевме да очекуваме проблеми, но не и од нив “, додаваат изненадени луѓето кои го познаваат тинејџерот и неговите родители. Семејството живее повеќе од 10 години во еден дом. Блиски велат дека никогаш не виделе полициско присуство во регионот, иако момчето било под надзор. Експертите за безбедност сепак коментираат дека неговиот стил е т.н.. “Осамен волк”. Сем организирал и планирал подготовката на крвава атентат. Од полицијата потенцираат дека за жал возраста на луѓето вклучени во терористички напади, се повеќе паѓа.
