Норвешка размислува да и подари планина на Финска

ШТО ДА Ѝ ПОДАРИТЕ НА ДРЖАВА КОЈА ИМА 188 ИЛЈАДИ ЕЗЕРА?
Норвешката влада размислува да ја помести границата до Финска, со што на соседната држава ќе ѝ даде планина, како подарок за 100-годишнината од нејзината независност, објавуваат светските медиуми.

Планината Хаити би претставувала највисок врв во Финска. – Постојат одредени правни потешкотии, со што уште не ја донесов мојата конечна одлука, но размислуваме за таква можност – кажа норвешката премиерка Ерна Солдберг.
Планината Хаити се наоѓа на границата помеѓу двете скандинавски држави. Со поместувањето на границата за 40 метри, Финска би го добила врвот Хладитошка висок 1.331 метар.
Финска ќе слави 100-годишнина од стекнувањето независност од Русија, на 6 декември в година.

Останати вести