Прајминистерот и лидерот на опозицијата летаа со Квантас наместо со приватен авион

Двајцата лидери на нацијата, прајминистерот Тони Абот и лидерот на опозицијата Бил Шортен, заминаа заедно во понеделникот со комерцијален лет на Квантас на погребот на Нелсон Мендела во Јужна Африка. Како знак на поддршка на авиокомпанијата која е во тешка финансиска позиција, и надвор од вообичаениот протокол во кој за државнички посети се користи владиниот авион, двајцата летаа во бизнис класата на Квантас.

Во меѓувреме се водат разговори за овозможување на еднакви услови на маркетот, во кои Квантас бара дозвола да може барем да се продаде до 49 проценти на странски инвеститори. Во исто време кога не постојат никакви услови за нејзиниот ривал Вирџин во кој има акции од Нов Зеланд, Сингапур и Емиратите. Федералната влада е расположена да ги разгледа можностите и за гаранција на долговите на летачкиот кенгур и можноста да се откупи одреден број акции од државата за стабилизирање на компанијата.
Главниот директор на Квантас, Алан Џојс, најави отпуштање на 1,000 вработени за да се заштити компанијата која во првите шест месеци од финансиската година создаде загуба од 300 милиони долари. Процесот на реструктуирање на компанијата е започнат и се очекува да се направат заштеди од 2 милијарди долари во наредните три години.

Останати вести