Населението се враќа дома по катастрофалните поплави

Австралијците погодени од разорните поплави почнаа да се враќаат во своите домови откако времето се подобри и властите ги засилија напорите за расчистување, иако се издадени нови наредби за евакуација во некои области каде што нивото на водата продолжува да се зголемува.

Укинати се неколку наредби за евакуација, но околу 20.000 луѓе сè уште чекаат во спасувачките центри, објавија властите на Нов Јужен Велс.
Дождовите што паѓаа пет дена, најтешките врнежи од дожд повеќе од половина век, предизвикаа излевање на реките, поплавување на домовите, патишта, мостови и фарми и отсекување на цели градови во НЈВ и Квинсленд.
Повеќе од 40 000 луѓе беа принудени да се преселат во безбедни зони, а двајца мажи починаа откако поројот им ги покри автомобилите.
Околу 40 проценти од населението во Австралија од 25 милиони жители беше погодено од тешки временски услови што опфаќаа површина со големина на Алјаска и ги зафатија НЈВ, Квинсленд, Канбера и Викторија.

Досега две жртви од поплавите
Двајца загубија живот во поплавите минатава седмица што ги погодија Нов Јужен Велс и Квинсленд, соопшти полицијата.
Неидентификуван маж (25), е пронајден заробен во неговиот автомобил во северозападниот дел на Сиднеј, и маж (38), во Голд Кост се вели во полициското соопштение.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан изрази сочувство во Парламентот, веднаш по утринската прес-конференција на која рече дека фактот што досега немало смртни случаи во овие поплави е „едноставно чудо”.
Австралискиот прaјминистер Скот Морисон изјави дека хеликоптерите на армијата пренесуваат храна до супермаркетите, каде што има прекин во снабдувањето.
Голем дел од брегот на Нов Јужен Велс, каде живеат приближно една третина од вкупното 25-милионско население во Австралија, беше погоден од рекордни врнежи од дожд во март.

Останати вести