Национална премиер лига 3 на НЈВ, 1 коло
Сиднеј Македонија – Кантебури Бенкстаун 2:0 (1:0)
Натпреварите од ова сезона нема да бидат од некое големо значење бидејќи нема да има промовирање ниту испаѓање.
Во текот на сезоната ќе се одиграат само единаесет кола, плус финалните натпревари.
На стартот Сиднеј Македонија, иако играше против незгоден противник, сепак натпреварот го реши во своја корист.
На една минута пред крајот на првото полувреме искусниот Томиќ изведе удар од корнер, а Дубочанин со глава ја затресе противничката мрежа.
И во второто полувреме фудбалерите на Сиднеј Македонија беа подобар тим на теренот, создадоа повеќе шанси за гол, а најдобра прилика имаше капитенот Тодороски кога се најде очи во очи со противничкиот голман меѓутоа не успеа да го совлада.
Конечниот резултат на натпреварот го постави Гроздановски во 84-та минута кога ладнокрвно ја пласира топката во противничкиот гол.
Во следното коло Сиднеј Македонија ќе игра со Интер Лајонс, а натпреварот ќе се одигра во сабота, на 25 јули, на Majors Bay Reserv во Конкорд со почеток во 19 часот.
К.М.


