Победата посветена на покојниот Ел-Хафиане

Си посакаа среќа пред натпреварот – Стерјовски и Димовски

Национална премиер лига на НЈВ, 1 коло
Рокдаел Илинден – Волонгонг Вулвс 4:0
Со едноминутно молчење сите натпревари од првото коло беа посветени на покојниот поранешен фудбалер на Рокдаел Илинден, Идрис Ел-Хафиане.

Пред почетокот на натпреварот очигледна беше жалоста кај фудбалерите на Илинден, а исто така и кај присутните на трибините.
Алек Урошевски во 12-тата мин. (од пенал) го постигна првиот гол, а истиот фудбалер во 82′ постигна уште еден гол. Другите два погодоци беа од Кајл Цименти, кој се запиша во листата на стрелци во 20 и 90 минута.
Во екипата на Илинден, покрај Урошевски, играше и капитенот Даниел Петковски, додека во тимот на Волонгонг во игра влезе Стефан Димоски во последните десет минути.
На другите средби беа постигнати следните резултати: Маркони – Сиднеј ФК 0:1(0:0). Младите фудбалери на Сиднеј ФК ги однесоа трите бода, а единствениот гол на натпреварот го постигна Кучарски во 77-та минута.
Сиднеј Олимпик беше поразен од Сиднеј Јунајтед со 0:1. Минатогодишните шампиони, Сиднеј Јунајтед (на гости) славеа победа. Во тимот на Олимпик Никола Кулески ги одигра сите 90 минути.
Блектаун Сити и АПИА Лејкард играа нерешено 0:0, а Иван Нечевски бранеше за АПИА. Манли Јунајтед и Маунт Друит ги поделија бодовите играјќи нерешено 1:1.
Интересен и возбудлив беше натпреварот помеѓу Нортбриџ и Сатерланд – играа нерешено 2:2, а воедно натпреварот беше прволигашко “крштевање” за двата тренера: Миле Стерјовски и Ник Димовски.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме.
За Сатерланд настапи Гроздановски, а Симоновски (поради повреда) натпреварот го следеше од трибината.
Во недела, на 7 март, Рокдаел Илинден го пречекува Сиднеј Олимпик, а почетокот е во 15.00 часот.

 

К.М.

Придонесе за освоениот бод – Гроздановски

Еден гол, три бода – Кучарски

Не настапи поради повреда – Симоноски

Останати вести