Победа забележаа сите наши претставници

Прва Државна Лига на Викторија северо–запад, 15 коло
Успешна седмица за нашите екипи во Првата државна лига на Викторија. Сите наши претставници славеа високи и убедливи победи. Започнувајќи со супериорниот резултат на гостувањето на Сиднам Парк Македонија кај Карнли каде беа прегазени домаќините со резултат од 7–1.

Следеше натпреварот на Јаравил Глори со нашата Алтона Маџик Вардар на кој Вардар забележа убедлива победа од 4–1.
Во неделата на домашен терен Престон Македонија играше со Дајмонд Вали кој лесно беше совладан со резултат од 4–2.
Сега трите први места на табелата ги заземаат нашите тимови: Алтона Маџик Вардар е прв, Престон Македонија втор и Сиднам Парк веднаш зад неа.
Остануваат уште само седум кола од регуларниот дел на првенството, а од Фудбалската Федерација на Викторија се дава сигнал за можно унапредување оваа година. Доколку тоа се покаже како вистинито, тогаш со сигурност следната година ќе имаме еден претставник во Националната Премиер Лига на Викторија.
Во сабота, на 23 јули, Сиднам Парк Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Банјул Сити, а Престон Македонија гостува кај Јаравил ФК со почеток во 15.00 часот. Алтона Маџик Вардар игра на свој терен против екипата на Вестерн Сабрбс, со почеток во 17.30 часот.

Останати вести