Ристе Ристески, еден од најдобрите гласови што се слушнати на „Ѕвездите на Гранд”, на крајот од овој месец доаѓа на Австралиска турнеја заедно со Христијан Кико Божинов и Ферус Мустафов.
Со нетрпение го чека публиката Ристе од Охрид кој покажа извонредни настапи минатата година. Тој два пати се натпреваруваше во балканското музичко шоу Sвездите на Гранд и втората година ја имаше среќата да победи. Односно во годината кога победи Ристе за прв пат во Sвездите на Гранд се прогласуваа два победника. Едниот победник од жири и другиот од публиката. Ристе беше прогласен за победник од публиката, како миленик на балканската публика. Во спектакуларното финале на 11-тата сезона на најпопуларното телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд” апсолутен победник со 76.226 гласови од публиката, односно вкупно 278.221 гласови беше нашиот маестрален Ристе Ристески.
Сега како миленик на балканската публика Ристе доаѓа во најдобриот состав со Кико и кралот на саксофонот Ферус да ви приредат незаборавни концерти во Сиднеј, Квинбијан, Волонгонг, Њукастел, Џилонг, Мелбурн и Перт.