Австралија ќе го укине боксот?

Медицинското здружение на Австралија, АМА, побара да се забрани боксот после трагичната смрт на 28-годишниот Дејвид Браун Џуниор како последица на нокаут. 

Боксерот почина четири дена после мечот за титулата во регионалното првенство во супер перо карегоријата на ИБФ верзијата против Филипинецот Карло Мигали. 

„Правилата на овој спорт дозволуваат боксерот во текот на мечот да се здобиваат со повреди, да излезат од рингот со непоправливи мозочни оштетувања кои понекогаш завршуваат со смрт. Еден удар може да те убие”, изјави Стивен Пернис, лекар и член на АМА додавајќи дека тоа е сосема доволна причина власта во Австралија да ја забрани оваа „благородна вештина”.

Останати вести