Почина Диего Марадона!

Светот остана во шок откако аргентинските медиуми на 25 ноември објавија информација дека починал еден од најдобрите фудбалери кои ги памети човештвото, легендарниот Диего Армандо Марадона (60).

Како што пренесоа лекарите, Марадона доживеал срцев удар кој, за жал, не успеал да го преживее. Непосредно претходно беше хоспитализиран поради мозочен удар.
Оваа вест ја шокираше светската фудбалска јавност и покрај добро познатата ситуација дека постојано боледуваше изминативе години.
Погребан покрај неговите родители
Прославениот аргентински фудбалер Диего Марадона беше погребан во близина на Буенос Аирес, на приватните гробишта „Бела Виста” до неговите родители. На погребната церемонија учествуваа само роднините и пријателите на Марадона.
Иако настанот требаше да биде приватен, над ужалената фамилија без никакви обѕири надлетуваа дронови на медиуми и поединци со намера да профитират од снимките.
Претходно за време на церемонијата на збогување во Буенос Аирес, избувнаа немири. Kовчегот со телото на Марадона беше положено за последен поздрав во холот на претседателската палата но големиот број на народ беше нестрплив и почна да прави немири, по што церемонијата беше прекината.
Аргентинските власти објавија тридневна жалост на национално ниво – националните знамиња беа спуштени и немаше забавни програми на телевизија.
Марадона во својата кариера играше за Бока јуниорс, Барселона и Наполи. Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година.
Во 1986 година, играјќи за националниот тим го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Беше прогласен за најдобар фудбалер на тој Мундијал.

Останати вести