Осумнаесетгодишниот Стефан Петровски почина в недела во болница, еден месец откако го удри гром за време на тренинг, објави фудбалскиот малезиски тим Мелака Јунајтед, каде што играше Стефан.
Петровски не успеа да се опорави по ударот од гром, иако првичните најави беа позитивни, сепак тој ја загуби битката и во недела почина.
Младиот чувар на мрежата е роден во Сиднеј, и по татко има потекло од Македонија и мајка од Малезија. Тој беше во кома откако го погоди гром на 5 април. На теренот со него на тренингот имало уште 28 играчи.
Инаку, Петровски е член на овој тим од почетокот на сезоната откако претходно бранеше за Сиднеј Олимпик.