Следејќи ги најновите турбуленции на Владата и опозицијата и народот во Р. Македонија и договорите со Р. Бугарија и Р. Грција, како и мешањето на странските политички интереси во државата, решивме да го испратиме ова писмо до властите во Р. Македонија како наша реакција.
Ние, членовите на организација кои се чувствуваме потомци на античките Македонци сме навредени како од Владата така и од премиерот на Р. Македонија, г-динот Зоран Заев, од опозицијата како и од владите на Р. Грција, Р. Бугарија, од ЕУ, НАТО и Обединетите нации.
Премиерот Заев нас античките Македонци не навредува со неговите чудни и бесмислени одлуки околу спомениците, автопатите, аеродромот, околу името на државата, им се извинува на Бугарите за Илинденското востание и со ред други несмислени одлуки како да сака што поскоро да ја распродаде државата.
Ние, античките Македонци денес зборуваме на повеќе светски јазици: македонски, англиски, француски, германски, бугарски, грчки и др. каде сме населени и имаме исти гени.
Ние не можеме да разбереме како премиерот Заев си зема за право да не отфрли без да се консултира со нас во Р. Македонија, со преставниците од “Македонски манифест” каде членуваат историчари, научници, писатели, новинари и др. Договорите кои Заев ги потпиша со Бугарија и Грција за нас се поразителни, предавнички. Бугарите не ни го признаваат нашиот македонски јазик и го нарекуваат бугарски дијалект. Ципрас не ни признава македонска националност и бара промена на уставното име во Северна Република Македонија, како и промена на Уставот и идентитетот. Со други зборови, бараат од нас сами да си ја ставиме јамката на нашиот врат.
Ние немаме заедничка историја со Бугарија; Бугарија има окупирано добар дел од Македонија. Во последните шестотини и педесет (650) години, за време на османлиското владеење на Балканот и комунизмот имаме само губење на територии од тогаш формираните нови држави на тие простори. Тоа не беше заедничка историја, тоа беше убивање на македонската мисла. Зарем тоа го славите денес со Бугарите вие, господине Заев?!
Го прашуваме премиерот Заев: како дозволи во негово присуство идеологот на македонската револуционерна организација, бесмртниот Гоце Делчев, да го нарекуваат Бугарин? Па со дозвола на претседателот на Бугарија, Димитров, во далечната 1953 год. неговото телото беше по втор пат пренесено – од Благоевград во Скопје, во црквата “Св.Спас” – и погребан се разбира како Македонец.
Дали им верувате на овие пропаганди кои ги водат светските гиганти, дека Европа ќе не храни а НАТО ќе не брани(!?) со помош на домашната пропаганда од страна на Владата на Р. Македонија, на чело со вас господине Заев? Се прашуваме колку сето ова ќе го чини македонскиот народ во државата?! Ние, Македонците, кои за парче леб ја напуштивме татковината а денес не има во огромен број во дијаспората, од поодамна се декларираме како потомци на античките Македонци со повеќе илјадна историја. Сега можеме да го кренеме гласот и да викнеме:
Стоп за грчкиот геноциден план за Македонија и за Македонците секаде во светот. Безобразно лаже премиерот на Грција кога ја спомнува Македонија со грчки карактер!? Тој и Заев ги заборавија сите антички ископини во Македонија и ја оградуваат од тој дел на историјата ставајќи им јамка на вратот на сите Македонци.
Сакаме да нагласиме дека ние не го признаваме тој приватен договор помеѓу Ципрас и Заев и бараме одговорност од Заев и сите членови на Владата на РМ за тој предавнички чин.
Ние постоиме повеќе илјади години на Балканот и сме библиска земја каде се одржала и првата христијанска литургија од апостол Павле од Македонец а не од Грк, мислите ли тоа дека е случајно?!
Велиме дека имаме наши браќа по крв во Беломорска Македонија кои исто така се чувствуваат како антички Македонци! Кој знае можеби еден ден…!?
Македонците и Грците немаат ништо, ама баш ништо заедничко освен само погрчувањето и геноцидот во последните сто и педесет години.
Чиста вистина е признавањето на 137 земји од светот кое Заев, Димитров и Ципрас го прегазуваат?!
Сега сакаме, драги наши Македонци, да ве поздравиме и да ве поканиме да ни се придружите на нас, Иницијативниот одбор, ако се чувствувате како потомци на античките Македонци на денот кога ќе се оформува оваа организација во Сиднеј, а потоа во цела Австралија и пошироко во светот.
25.08.2018 год.
За иницијативниот одбор
на антички Македонци
Сиднеј Христо Нешковски