Членови на Либералната партија му даваат поддршка на поранешниот прајминистер

Пресреќниот Тони Абот изјави дека Либералната партија конечно својата моќ ја насочува подалеку од „внатрепартиските трикови”, од кога неговиот предлог „еден член, еден глас” постигна одлучувачка победа.

Поранешниот прајминистер инсистираше дека овој потег „нема врска со мене” од кога мнозинството членови на партијата гласаа за неговиот
„Warringah предлог” со кој на обичните членови на партијата им се овозможува да одлучуваат кој ќе се натпреварува на изборите за водечните места. Според овој предлог предселекцијата на кандидатите би била одлучена во облик на референдум.
Говорејќи за Daily Telegraph од кога по неговото инсистирање да се намали влијанието на лидерите на фракциите внатре во партијата се покажа успешно, Абот изјави дека е време да се свртат од сегашните „внатрешни клубови”, кои вклучуваат „измама, рекетирање и фракции”. „Нема да дозволиме фракциските закрпи да создаваат фракциски трикови. Ова е голем удар на шефовите на фракциите. Тоа ќе донесе голема и силна Либерала партија и ќе значи што повеќе талентирани, репрезентативни луѓе од редовите на либералите во парламентот. Оние на кои ова не им се допаѓа, како што се федералните парламентарци Alex Hawke и Julian Leeser кои се обидоа да изнесат поинакви предлози на собранието на партијата, но тие под светлото на Warringah се разводнети. Луѓето од другата страна сакаат опипливи чекори во вистинска насока и партијата рече „ги прифаќаме – одиме до крај и ќе бидеме партија на која нејзините членови ќе бидат горди” – рече Абот.
Овој предлог конечно одобрение ќе добие на државниот совет на партијата, а за време на таа постапка може да доживее промени, ако се земе во предвид влијанието на умерената фракција и фракцијата на десниот центар. Постар извор од редовите на либералите тврди дека иако сега е прифатено партијата да ги „ поддржи реформите”, државниот совет можеби ќе менува некои специфични делови, како што се колку време едно лице треба да биде член на партијата, пред да смее да учествува во референдумот.
Кампањата на Тони Абот за реформава почна при крај на 2013 година, но се засили минатата година. Поранешниот прајминистер рече оти шефовите на фракциите даваат се од себе да се загуши реформата, наплатувајќи им на обичните членови 150 долари за учество на собирот на партијата.

Останати вести