На дневниот ред се најдоа здравјето и поддршката за пензионерите

Лидерот на опозицијата Бил Шортен ги стави здравјето и поддршката на пензионерите на дневен ред на лабуристите и тоа само неколку денови пред дополнителните избори.

Лабуристите сметаат на новиот обид кога станува збор за цените на енергентите и болниците со кои сакаат да ги придобијат гласачите во клучните изборни единици пред дополнителните избори што се одржаа во сабота.
Бил Шортен, на почетокот на кампањата на кандидантката на лабуристите Susan Lamb, призна дека од сите пет најтешко ќе биде да се освои изборната единица Longman во Квинсленд, а токму оставката на Susan Lamb поради двојното државјанство ги поттикна изборите.
„Не е важен стартот, важен е крајот” – рече Шортен по учеството на локална забавна трка. Федералната опозиција на гласачите им вети дека ќе потроши $1,4 милијарди во тек на пет години за да се оддржи суфинансирањето на потрошувачката на електричната енергија за пензионери и приматели на социјална помош. Нацрт законот со кој се укинува оваа помош на сите кои се нови пензионери или приматели на социјална помош од 20 септември 2016 година, моментално е во процедура во федералниот парламент. Напуштањето на овој модел на суфинансирање ќе значи укинување на $14,10 за две недели за пензионери кои се сами, односно $365 годишно, и $21,20 во тек на две недели или $ 550 годишно за прензионерски двојки. Лабуристите исто така ја повторија пораката за потрошувачката во здравството, Шортен зборуваше за партиските колеги во Longman. „Испратете ја Susan Lamb назад во Канбера со порака од жителите на Квинсленд: Пари за болници, а не за банки”.
Прајминистерот Малколм Турнбул во Townsville изјави дека лидерот на федералната опозиција го признал поразот на својата политика за суфинансирање на трошоците на електричната енергија. Турнбул изјави дека е подобро да се воведе политика со која ќе се намалат цените на електричната енергија отколку на луѓето да им се даваат компензации за данок за зачувување на околината. „Призна дека пропадна и пред да почне. Тој се откажа” – рече Турнбул.
Либералната национална партија води во Longman со 51-49 според последните анкети на ReachTEL. Според анкетата спроведена во Тасманија во Brаddon минатата недела, лабуристите имаа 52 отсто од гласовите, кога станува збор за наклоност на гласачите меѓу двете големи партии, а се очекува дека две третини од гласачите да ја преферираат опозицијата, а не владата.
Eric Abetz, сенатор на либералите рече дека победа на владата во Braddon или во било која друга изборна единица би била „историска пригода”. Либералите во западна Австралија немаа кандидати во Перт и во Freemantle.
„Бил Шортен ќе биде лидер на следните федерални избори” – рече тој. Либералниот пратеник Josh Frydenberg отфрли било каков притисок врз Турнбул бидејќи владата веќе сто години не освоила место на опозиција на дополнителни избори. „Реалноста е дека со победа на овие дополнителни избори ќе се обидеме да се искачиме на Еверест”.

Останати вести