Дачиќ: Без ментори, Приштина ќе го прифатеше предлогот за поделба на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина кога со неа би се разговарало без ментори, би го прифатила предлогот за поделба на Косово.

Тој наведе дека и големите сили кога ќе се спомне разграничување и поделба сметаат дека ќе дојде до масовни преселби на населението, бидејќи како што наведе, не се зема предвид дека ерничката состојба на теренот веќе е во согласност со самиот предлог на поделбата.
Дачиќ кажа дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат бидејќи сметаат дека прашањето на Косово го затвориле во 2008 година со тоа што ја признале независноста. На прашањето дали се точни тврдењата на поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ дека претседателот на Србија Александар Вучиќ го понудил југот на Србија за северот на Косово, Дачиќ кажа дека „никакви разговори за обид за трајно решение за Косово немало”.
„Имаше разни разговори, во разни метрополи, размени на мислења, но не и официјални. Не знам каде некој можел да понуди такво нешто”, кажа Дачиќ.
Зборувајќи за активностите што ги очекува околу прашањето на Косово, Дачиќ кажа дека следната недела во Белград доаѓаат шефовите на дипломатиите на Грција и Франција Димитрис Коѕијас и Жан Ив ле Дријан и дека претстојат важни разговори.

Останати вести