Топ шест препарати кои ќе ви помогнат да се ослободите од темните кругови и отокот под очите. Едноставни за правење и евтини.
Се работи за едноставни и евтини домашни препарати кои проверено помагаат. Изберете кои од шестте начини што ви ги предлагаме најмногу ви одговараат и подочниците и отоците ќе изчезнат.
Вода од роза
Водата од роза ја влажни и негува кожата на лицето, ослободува од отекување, црвенило и чешање. Има способност да го избели и подмлади лицето. Можете да ја купите или пак да ја направите сами. Состојки кои ви се потребни се свежи ливчиња од една роза и чаша топла вода.
Подготовка:
Измијте ги ливчињата од розата и ставете ги во мал сад. Полијте ги со топла вода и оставете ги да се оладат. Потоа исцедете ги во дезинфициран сад, и тоа е тоа. Водата од роза чувајте ја во фрижидер, но не подолго од три дена.
Користете ја на тој начин што ќе потопите памук во водата и ќе го ставите на подочниците. Држете го потопениот памук околу 15-тина минути. Ова можете да го повторувате секое утро и секоја вечер.
Бадемово масло
Со користење на бадемовото масло ќе се ослободите од отекувањата под очите, а и од темните кругови околу очите. Пред спиење нанесете 2 до 3 капки и лесно впијте го под очите. Резултатите ќе бидат видливи веќе по третиот ден.
Облоги од краставица
Краставицата содржи голема количина на антиоксиданти и има способност за избелување.
Подготовка:
Неколку дебели крукчиња од краставицата ставете во фрижидер да отстојат половина час, а потоа ставете ги на очи и држете ги околу 10 до 15 минути. На крај исплакнете го лицето со ладна вода. Постапката повторувајте ја секој ден во текот на една недела.
Сок од компир
Компирот е одличен извор на витаминот Ц, а исто така содржи состојка која го избелува лицето. Изрендајте жив компир и исцедете сок од него. Потоа во сокот потопете памук и ставете го на очи. Држете десеттина минути, па измијте го лицето и под очите нанесете малку маслиново масло. Третманот трае две недели и се повторува секој ден.
Облоги од чај
Чајот е богат со кофеин и антиоксиданти, кои се одлични за отстранување на темните кругови под очите и отекувањата.
Подготовка:
Сварете зелен или црн чај, чекајте да се олади, и потоа во чајот потопете памукчиња. Изцедете ги и ставете ги на очи. На ист начин можете да ги користите и вреќичките од чајот (откако ќе го направите чајот). Облогите држете ги од 10 до 15 минути. По недела дена ќе забележите подобрување.
Билни коцки мраз
Мразот има добар ефект врз кожата, ја прави поеластична, ги пегла брчките и го намалува отокот. А уште ако во него ставите и некоја лековита билка, тогаш ефектот ќе биде подобар.
Состојки:
ливчиња од жалфија
камилица
магдонос
Подготовка:
Во бокал со 200 милилитри вода ставете по една супена лажичка од секоја билка и оставете да отстои два часа. Потоа водата распоредете ја во калапи за мраз и ставете ја во фрижидер за длабоко. Секое утро масирајте го подрачјето околу очите со коцка мраз околу 30 секунди на секое око. Повторувајте ја постапката во текот на две недели.