ФК Сиднеј Македонија доби подвижна кантина

Минатиот петок ФК Сиднеј Македонија се закити со уште еден “трофеј” – подвижна кантина (кујна).

Пред извесно време идејата потекна од Златко Гулевски (претседател), Георге Младенов (член во управата), Иљо Рибаровски и Петер Рибар (сопственици на компанијата Ribar Catering Equipment) и лабуристичката парламентарка Таниа Михаилук која го претставува Бенкстаун.
Таниа успеа да обезбеди $45,000, а од таа сума ФК Сиднеј Македонија за $20,000 го купи камионот и останатата сума беше премала да се уреди кујната со модерна опрема.
Меѓутоа, благородните души на Иљо Рибаровски и Петер Рибар (сопственици на компанијата РИБАР) без двоумење се нафатија да го опремат.
Подвижната кантина ќе можат да ја изнајмуваат компании, приватни лица, а што е најважно ФК Сиднеј Македонија повремено ќе донира храна на лицата што не можат да се прехранат односно тие што се без домови.

К.М.

Останати вести