Поетско читање на Литературното друштво Кочо Рацин Мелбурн

Македонското литературно друштво Кочо Рацин одржа Поетско читање во рамките на фестивалот на писателите Мил Парк 2017. Настанот започна со рецитација на поемата Проштевање од Кочо Рацин, а во изведба на Дона Д. Кантаровска.

Осврт за значењето на поезијата даде Гордана Димовска а потоа следуваше читање од страна на другите членови на друштвото: Стеван Ацески, Верка Горгиевска, Дона Димовска Кантаровска која за првпат се претстави со своја авторска поема, Љупчо Столески (поезија по избор), Весна Дамчевска, избор поезија од Славко Крстевски и други наши македонски автори. Се отстапи простор и за промовирање на книгите на Лидија Дочовска Павловска: Солзите на Преспана, Така љубеше Косара и Крикот на пеликанот чиј промотор беше Сашка Ставрески, а дел од нејзината поезија читаа Гордана Димовска и Дона Д. Кантаровска.
Друштвото ќе продолжи да работи на полето на литературата и афирмирањето на македонскиот пишан збор во Австралија.

Гордана Димовска

Останати вести