Пациентите од следниот месец ќе одвојуваат помалку пари за над 2000 лекови за лекување на вообичаените состојби, нивната цена ќе падне дури за 20 долари по рецепт.
Sussan Ley, министерката за здравство вели дека пациентите кои страдаат од неколку болести во исто време, како што се остеопороза и дијабетис, на лекови ќе заштедат и до 400 долари годишно. Над 80 одсто од лековите чија цена ќе падне следниот месец ќе донесе директна заштеда на некои потрошувачи, додека за останатите 20% , чија цена е поголема од онаа која ја суфинансираат даночните обврзници, нема да мораат да плаќаат дел од цената на лекот од сопствениот џеб.
„Освен што на потрошувачите ќе им донесе вистински заштеди, со оваа иновативна коалициска реформа во текот на следните четири години ќе се заштедат $900 милиони, пари на даночните обврзници и ќе обезбеди владата да не плаќа преголеми цени за лекови. Ова е добивка за даночните обврзници и потрошувачи и уште еден пример кој покажува дека владата на Трнбол, прави лековите да бидат достапни за милиони Австралици” – изјави Ley.
Исто така кажа дека заштедите од пакетот на одржливост и суфинансирање на лековите од 2015 година веќе се користат за суфинансирање на нови лекови, како што е случај со $150,000 за лекување на меланомот Keytruda. Пониските цени ќе бидат во употреба од 1 октомври.