Погребана девојката чија судбина го потресе светот

Израелската студентка која минатата недела беше убиена во Австралија погребана е во својот роден град.

Илјадници луѓе се собраа пред семејната куќа на жртвата Аја Масарв за да присуствуваат на традиционален   погреб во арапскиот град Бака ал Грабие.

Аја Масарв, 21 годишна студентка која била на размена на универзитетот Латроб во Мелбурн, се враќала дома по излегување кога била силувана и убиена. Ова убиство привлече меѓународно внимание, предизвика демонстрации во Австралија на кои се бараше да се сопре насилството врз жените. Семејството на жртвата рече дека таа одлучила да студира во Австралија поради репутацијата за безбедност. За нејзиното убиство и силување обвинето е 20 – годишно момче од Бандура.

Останати вести