Покана за забава oд фудбалската екипа Саншајн Лајонс од Бризбен

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ
Почитувани сограѓани, “лавови”, “лавици” и “лавчиња”, фудбалскиот клуб “Саншајн Лајонс” од Бризбен ве поканува на незаборавно дружење по повод Денот на презентација на трофеите, со цел да ја одбележиме изминатата фудбалска сезона.

Затоа во недела, на 30 октомври 2016 година, со почеток во 10:00 часот ве очекуваме заедно да го направиме овој фамилијарен ден позабавен како за фудбалерите така и за најмладите и најстарите членови на нашата заедница. За да биде поинтересно ФК “Саншајн Лајонс” ќе организира фудбалски натпревар помеѓу фудбалерите од Дивизија 1 и Дивизија 3 со почеток во 12:00 часот, а за најмалите посебно изненадување. Покрај натпреварот, денот ќе биде исполнет и со јадење, пиење, музика и богата лотарија. Настанот ќе се одржи во хрватскиот клуб Rocklea на 164 Dunn Road.
Со голема почит од Фудбалскиот клуб “Саншајн Лајонс” ви благодариме за досегашната поддршка и ве очекуваме во што поголем број да присуствувате.
Влезот за овој ден ќе биде бесплатен.

Останати вести