Поларниот студ во САД ги замрзна Нијагарини Водопади

Делови од Нијагарини водопади, кои се наоѓаат во државата Њујорк, на самата граница меѓу САД и Канада, замрзнаа во текот на минатата недела кога температурите во тој дел на Америка се спуштија на -18 степени Целзиусови.

Туристите кои ја посетиле локацијата можеле да видат и фотографираат големи заледени парчиња како пловат по реката, а облаците од пареа и виножито биле атракција во текот на целиот ден.
Иако на некои фотографии изгледа како водопадите во целост да се замрзнати, водата никогаш не престанува да протекува ни покрај екстремно студеното време.
Во последните две недели САД се зафатени од леден бран, а во текот на следните неколку дена се очекува уште посилни снежни бури.

Останати вести