Зголемена поддршка на партијата на Полин Хенсон

Коалицијата најмногу губи поради зголемената поддршка на партијата One Nation на Полин Хенсон. Анкетата на Newspoll покажува дека пораснала поддршката на партијата One Nation во долниот дом на 6 одсто. На денот на изборите таа била 1,3 одсто. Во Квинсленд малата партија привлече 10 одсто од гласачите, што е зголемување во однос на 5,5 одсто кое го имаше во јули. Во Нов Јужен Велс и Западна Австралија, One Nation има поддршка од 6 одсто. Во истиот период поддршката кон коалицијата падна за 3,1 одсто и сега изнесува 37 одсто.

Во вистински миг сенаторката Хенсон го зголеми влогот на владата на Турнбул, барајќи веднаш да се одземе државјанството на семејствата на осудените терористи и тие да се протераат од Австралија.
„Не ги сакам тука” – рече таа. Исто така сите кои сакаат да станат државјани на Австралија треба да чекаат најмалку седум години наместо четири. Ако во тој период направат казнен прекршок кој се казнува со повеќе од 12 месеци затвор, треба да бидат депортирани, смета таа. Министерка во владата, Фиона Наш го избегна одговорот на прашањето за препородот на партијата One Nation.
„Концентрирана сум на владата во која учествувам и која се занимава со својата работа” – рече таа.
Мари Вот, сенатор од редовите на лабуристите не е изненаден со резултатите на оваа анкета иако се сомнева дека One Nation би можела да тргне по патот на пропаднатата партија Palmer United Party. „Штом луѓето ќе видат што всушност оваа партија застапува, ќе сфатат дека таа не им е пријател и не ги застапува нивните интереси” – рече тој.
Ник Мек Ким, сенатор од редовите на зелените проценува дека приврзаниците на партијата ќе ја загубат довербата во неа кога ќе видат како нејзините сенатори ќе гласаат во парламентот. „Многу сум сигурен дека голем број луѓе кои ги поддржаа на изборите ќе почнат да се прашуваат на кого го потрошиле својот глас”.

Останати вести