Полин Хенсон по напнатата кавга со колешка сенаторка на телевизијата е предупредена дека следниот терористички напад во Австралија ќе оди на нејзина душа.
Лидерката на партијата One Nation повторно беше присилена да ја брани својата егзибиција „забрана за бурките” кога сенаторката на зелените, Sarah Hanson-Young ја нападна дека им помага на екстремистите на Исламската држава, заговарајќи омраза во Австралија.
„Полин, мислам дека навистина мораш да помислиш за фактите кои ги кажуваат безбедносните експерти, експерти од подрачјето на надворешна политика, дека тоа што го направи минатата недела, денес може да се користи како материјал за промоција на екстремизот. Ти им ја работиш работата на ИСИЛ. Ова е особено опасно. Целата земја ја доведуваш во опасност” – рече сенаторката Hanson-Young. Сенаторката Хенсон ја бранеше својата одлука во Парламентот да дојде носејќи бурка, велејќи дека оваа ткаенина е безбедносен ризик. Но кога Хенсон го нагласи овој безбедносен ризик во Парламентот, каде, тврди ниту еден чувар не го проверил нејзиниот идентитет, кога влегла во зградата, двете сенаторки повторно се судрија. „Сите знаат оти тоа си ти, дека се однесуваш како гуска. Сите знаат оти тоа си ти, земјата ја доведуваш во опасност. Следниот напад во Австралија ќе оди на твоја душа” – рече сенаторката.
Последните анкети на Newspoll покажаа дека One Nation доби поголема поддршка од гласачите по случката, но сенаторката Хенсон демантираше дека овие две работи се поврзани. Одлуката да дојде во Пармалентот во бурка, веднаш ја осуди државниот адвокат Џорџ Брандис како и сенаторите од партиите на зелените и лабуристите.