Беснее уште една политичка граѓанска војна

Пристигна нова недела, а со неа и нова политичка граѓанска војна – овој пат на ниво на Нов Јужен Велс чија Либерална партија се наоѓа во целосен хаос откога еден од министрите се закани дека следната недела ќе покрене предлог за промена на лидерството на партијата и предлог за промена на заменикот на премиерката.

Оваа влада се фрли на внатрешна борба, премиерката Gladys Bere­jiklian, на министерот за мулитикултура и грижа за инвалидите Ray Williams му рече оти неговата позиција во владата „не е одржлива”, доколку не отстапи.
Berejiklian минатата недела изјави „дека разговарала со Williams и министерот за финансии Dominic Per­rotter и ги потсетила оти владата очекува да бидат насочени кон постигнување на целите за заедницата.” Нејзината изјава е објавена откога Perrotter, пратеникот за изборната единица Hawkesbury ја најави својата кандидатура против Williams во предизборите за своето поранешно пратеничко место Castle Hill. Овој потег може да ја дестабилизира владата, Williams го повикува државниот министер за финансии да поднесе оставка на местото заменик претседател на партијата или да се соочи со предлогот за промена на водството на партијата во вторник. Berejiklian изјави оти Perrottet ја има целосно нејзината доверба како заменик претседател и го замоли Williams да се воздржи од предложување на промена на водството.
„Во спротивно неговата позиција во кабинетот не е одржлива” – изјави таа.
Лидерот на лабуристичката опозиција Luke Foley изјави дека оваа ситуација покажува оти либералите ништо не научиле од последиците на федерално ниво кои следуваа по сменувањето на поранешниот прајминистер Малколм Турнбул.
„На јавноста и е навистина доста од тоа политичарите да се насочуваат само кон себе” – рече тој.
„Граѓанската војна во Либералната партија премина од федералниот парламент во парламентот на Нов Јужен Велс и добрата влада целосно е игнорирана”. Foley изјави дека овој судир укажува на „целосен неуспех на лидерството” на Berejiklian.
Објавувајќи ја својата одлуката да се кандидира на предизборите Perrottet изјави оти повеќе не успева да ја одржи рамнотежата меѓу работата и семејните обврски и на одговорен начин, онака како тие заслужуваат, да ги застапува жителите на Hawkesbury.
„Ова не е лесна одлука и ја донесов по многу размислувања и разговори со своето семејство и колеги” – изјави тој. Williams во изјавата рече: „Мојата заедница ми значи се и јас ќе се кандидирам за пратеничкото место за Castle Hill на следните избори и ќе продолжам вредно да работам во корист на својата локална заедница. Бидејќи Dominic се кандидираше против мене како колеги пратеници во парламентот и колеги министри, верувам дека е неодржливо да остане заменик претседател”. Рече и ако министерот за финансии поднесе оставка на местото во кабинетот и тој ќе го направи истото, „А оваа борба ќе трае во следните три месеци”.
Прајминистерот на Австралија Скот Морисон, поранешен државен претседател на Либералната партија рече дека не е на него да ги коментира проблемите внатре во партијата во Нов Јужен Велс.
„Не се мешам во политиката на одредени ограноци на партијата” – изјави тој.

Останати вести