Станува збор за политика, а не за лични карактеристики

Тони Абот вели дека при расправиите за енергетската политика не се работеше за личните карактеристики или иднината на лидерството на Малколм Турнбул.

Поранешниот прајминистер на состанокот на Млади либерали на Тасманија изјави оти се радува на „владата на Морисон”, но одби да шпекулира за амбициите на Peter Dutton кога станува збор за лидерство.
„Не се работи за лични карактеристики. Не се работи за него, ниту пак станува збор за мене. Станува збор за тоа на Австралиците да им се даде најдобар можен енергетски систем што ќе понуди достапни цени и сигурна енергија” – рече Абот во Канбера. Додаде и дека добар дел од изминатите две години се бори против високите цени на енергијата, тврдејќи дека вистинското решение би требало да биде задржувањето на Liddel – електраната на јаглен. Укинување на субвенциите за обновливи избори на енергија, сопирање на беснеењето на цените на дистрибутерите на енергија и дефинирање нов траен минимум на дистрибуција на електрична енергија, се следни на неговата листа.
Меѓу, другите чекори, владата треба да се повлече од Париската конвенција за климатски промени. Исто така би требало да се вклучи во спречување на затварање на електраната Hazelwood во Викторија.
„Единствен начин на кој можеме да победиме на следните избори е да се натпреваруваме во политиката, а не околу личните карактеристики. Мораме да бидеме партија која е на страната на намалување на цените на енергија и да им дозволиме на лабуристите да бидат партија која сака да ги намали емисиите на штетните плинови” – рече Абот.

Останати вести