Политиката на Северна Австралија под микроскоп

Планот на федералната влада за Северна Австралија ќе се најде под лупа во новата истрага на Сенатот чија цел е да се ревидираат плановите на Коалицијата за оваа област.

Делотворноста на планот на федералната влада за Северна Австралија внимателно ќе ја разгледа Сенатот во новата истрага. Гласноговорникот на лабуристите за Северна Австралија, Мареј Ват тврди дека жителите на градовите Darwin, Townsville, Rockhampton, Mackay и Cairns велат оти овој владин план е клучен, но не успеал да ги исполни очекувањата. „Четири години по неговата објава, сега е вистински момент да видиме дали владиниот план за Северна Австралија остана на вистинскиот пат и ги постигнува своите цели, и дали има место за напредување” – вели сенаторот Ват.
„Оваа нова истрага ќе помогне во идентификувањето кои начини на финансирање добро функционираат и како можеме да ги унапредиме и исто така како можеме да ги подобриме моменталните програми за подобро да го развиеме северот на земјата”. Владата на Абот во 2015 година ја покрена програмата и го објави планот за развој на оваа област со кој е дефиниран 20-годишен план за развој на северот на Австралија. Одборот ќе биде повеќепартиски, со претставници од лабуристите, Коалицијата, партијата One Nation и Зелените. Истрагата моментално собира поднесоци, а резултатите ќе ги објави на последниот ден од заседавањето во 2020 година.

Останати вести