Кога човек ќе изгуби интерес за работа во службата, ефектот е полош од оној на депресијата и слична апатија не е добра за менталното здравје, открија швајцарски научници, пишува “Матин диманш”.
При анкетирани 480 лица, 80 проценти од нив редовно доживувале страдања на работното место. Оваа состојба е предизвикана поради загуба на базни вредности при извршувањето на службените должности.
Еден од факторите значително отежнувачки за професионалната дејност, се бројните извештаи, чија подготовка и обликување губи многу време. Овие документи во никој случај не кореспондираат со професионалната дејност на вработените, но на нивната основа многу често се формира мислењето на раководството за професионалните успеси на експертот.
Токму поради туѓата работа и поради рутинските процеси луѓето често пополнуваат статистика за така-наречената социјална конверзија. Разочаран од едно работно место, човек целосно го менува својот профил на активност. Психолошката штета која може да биде нанесена на лице кое работи не по својата квалификација е споредлива со клиничка депресија. Отсуството на смисла во работата може да се претвори во “проблем на векот”, истакнуваат научниците.