Познати полуфиналните двојки во ЛШ

Баерн ја елиминираше Барселона со 8:2 

Фудбалерите на Баерн Минхен на моќен начин ја совладаа Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На четвртфиналниот дуел одигран во Лисабон, германскиот тим ја понижи Барселона и на крајот славеше со 8:2.
Стрелци за Баварците беа: Томас Милер (4. и 31. минута), Иван Перишиќ (22), Серж Гнабри (28), Џошуа Кимих (63), Роберт Левандовски (82) и Филипе Кутињо (85 и 89).
Головите за каталонскиот тим беа дело на Давид Алаба – автогол (7.минута) и Луис Суарез (57).
За три минути ги расплакаа
Францускиот шампион ПСЖ триумфираше со 2:1 против италијанскиот прволигаш Аталанта.
Италијанците водеа цели 90 минути (27′ – Пашалиќ), но беа потребни само три минути за целосен пресврт. Во 90′ минута Маркињос ја затресе противничката мрежа по асистенција на Нејмар за 1:1.
Во 94′, во судиското продолжение, ПСЖ направи целосен пресврт: Мбапе го пронајде Чупо-Мотинг за поставување на конечниот епилог од 2:1, што предизвика еуфорија во цел тим, но особено кај тренерот Тухел.
Тим формиран пред 11 години стаса до полуфинале на ЛШ
Екипита на Лајпциг направи историски успех со пласманот во полуфиналето во ЛШ елиминирајќи го фаворизираниот Атлетико Мадрид по уште една победа со 2:1. По неефикасниот прво полувреме, во вториот дел беа постигнати трите гола.
Во 51′ Дани Олмо му донесе предност на Лајпциг од 1:0. До израмнувањето се чекаше до 77′ кога Жоа Феликс го реализира пеналот за Атлетико и израмнување на 1:1. На две минути пред крајот, по ударот на Адамс, топката го закачи Савиќ менувајќи го правецот и заврши зад грбот на Облак.
Така тимот на Лајпциг, кој е формиран само пред 11 години, успеја да се избори за пласман во полуфиналето во кое за противник ќе го има ПСЖ.

Останати вести