Помош за да бидете спремни за дигиталната телевизија

Насекаде во Австралија до крајот на 2013 година аналогните телевизиски сигнали ќе бидат исклучени.

Шемата за помош на домаќинствата (The Household Assistance Scheme) е воспоставена за да им се помогне на некои Австралијци да се прфрлат на дигитална телевизија. Намената е да се обезбеди практична помош за постарите, ветераните и инвалидите(или нивни старатели ).

 

Помошта може да се состои од:

• Дигитална кутија со висока резолуција

• инсталација на кутијата од договорен инсталатер од страна на Владата.

• покажување како работи

• 12-месечна бесплатна гаранција, сервисирање

и техничка поддршка.

Ние ќе ви испратиме писмо ако постои можност да имате право на помош.

Ве молиме да го прочитате писмото внимателно и ако мислите дека имате право на тоа

пријавете се што поскоро за да добиете помош така што нема да ја пропуштите можноста.

За да се пријавите за Household Assistance Scheme, јавете ни се на 1800 556 443.

Ако сте регистрирани за  Centrelink Online Servicesвие исто така можете да се пријавите преку интернет на страницата humanservices.gov.au/online

За повеќе информации за подготовката за дигитална телевизија (дигитал ТВ) одете на интернет страницата  digitalready.gov.au или јавете се на 1800 201 013.

Ако немате право на Household Assistance Scheme, вие можете да го адаптирате вашиот сегашен телевизор за дигитална телевизија со употреба на дигитална кутија или со употреба на уред за дигитално снимање или пак можете да купите телевизор со вграден дигитален приемник.

Останати вести