Австралиското биро за статистика (АБС) – Australian Bureau of Statistics (ABS) – информираше во врска со претстојниот 17-ти Попис (Census) на населението и домувањето (Census of Population and Housing) кој ќе се одржи на 9 август. Шефот на програмата “Попис 2016”, Данкан Јанг, ја истакна важноста на Пописот во добивањето на точна моментна слика на културолошкиот состав на Австралија.
“Ние сме среќни што уживаме во толку голема разновидност во Австралија. За првпат во 2016 очекуваме да видиме дека повеќе од половината од населението на Австралија е родено или во странство или има барем еден од родителите које е роден во странство,” рече г-дин Јанг.
“Податоците од Пописот се користат за да се планираат услуги и за да се распределат милијарди долари за финансирање на заедници низ Австралија.”
“Со тоа што ќе осигураме секој да земе учество на 9 август, со опфаќање на 200 различни земји на раѓање и 300 различни јазици кои се зборуваат дома низ цела Австралија, ќе ни помогне да ги разбереме потребите на секоја заедница. Податоците од Пописот служат за планирање на услугите кои секојдневно се користат во тие заедници како што се преведувачките, мигрантските, вдомувањето и услугите за англиски јазик.”
“Охрабрувачки е да се гледа како организациите, кои застапуваат различни културни групи на заедниците во Австралија, покажуваат толку многу добра воља и заложба за подигање на свеста меѓу мултикултурните заедници во врска со Пописот,” рече г-дин Јанг.
Се очекува во 2016 година 16 милиони лица да го пополнат Пописот “он-лајн”, правејќи го ова најголем “он-лајн” настан во историјата на Австралија. Подоцна овој месец, повеќето домаќинства ќе добијат писмо адресирано “До жителот” (‘To the Resident’), кое ќе содржи уникатно корисничко име и лозинка (login) и упатства како да се пополни Пописот “он-лајн”, како и детали како да се нарача хартиен формулар. Можете да го пополните Пописот каде и да имате пристап до интернет, со користење на компјутер, лаптоп компјутер, таблет компјутер или мобилен уред. Сите информации кои ќе ги дадете во Пописот се приватни и нема да се споделат со никој друг, вклучувајќи ни со другите владини агенции.
Клучни датуми за Пописот 2016:
1 август 2016 Почнува испораката на писма со упатства и формулари
9 август 2016 Ноќ на Пописот
26 август 2016 Теренските службеници започнуваат со посети на домаќинствата
април 2017 Објавување на податоците од Пописот 2016
