Викторија е во постапка на враќање на листата во која за патниците нема да има задолжителен карантин согласно со попуштања на рестрикциите во Западна Австралија.
Ако нема нови кластери на болеста, согласно со советот на главниот доктор овие промени ќе стапат на сила од вторник 16 март.
Премиерот Mark McGowan вели дека ќе се дозволи зголемување на капацитетот на локации како што се ресторани, кафулиња, барови, театри, концертни сали, кина, верски установи, места за одржување погреби и големи стадиони, Ако правилото за одржување растојание од два метри дозволува поголем број присутни од 75% од капацитетот. Во тие случаи ќе дозволиме да се зголеми број на присутни лица. Правилото држење растојание ќе продолжи да се применува онаму каде нема одредени места за седење, како што се ноќни клубови, фестивали без седечки места, галерии, книжарници, теретани, музеји, простор за забава за возрасни, забавни паркови и зоолошки градини.
McGowan вели дека новите мерки во Западна Австралија ќе се воведат пред другите држави. „Кога станува збор за рестораните, баровите, пабовите, кината… правилото од 75% е всушност моментално најлибералното во Австралија”.
Викторија од листата на места со „низок ризик” ќе премине на листата земји со „многу низок ризик”, истиот ден, доколку нема нови кластери на болеста.
Тоа значи дека патниците ќе мораат да пополнат Г2Г пропусница и да поминат докторски преглед и мерење на температурата на аеродром во Перт и мораат да бидат подготвени да се тестираат на КОВИД – 19 ако здравствените власти одлучат дека тоа е потребно.