Од јуни австралиските држави започнаа со олабавување на рестрикциите поради коронавирусот и враќање кон нормалност.
Канбера
Во Канбера почна да се спроведува чекорот 2.1 од планот на опоравување.
Дозволено е собирање до 20 лица во: ресторани, кафулиња, установи со посебни линценци, салони за убавина, солариуми, салони за маникир и педикир, центри за масажа, салони за тетовирање и модификација на тело, музеи, галерии, национални институции, кампови, венчавки, верски прослави, на курсеви по јога, центри на заедницата и на базените. Дозволен број лица на погреби на отворено и затворено зголемен е на 50 лица. Оркестри, музички групи и хорови можат да се собираат до 20 лица, а даватели на универзитетско и занаетчиско образование можат да се вратат на настава во живо таму каде тоа е можно.
Чекорот 2.2 се планира да почне од 18 јуни а со него се планира да се зголеми бројот на лица на 50 во некои бизниси, како што се отворање на кино салите, забавните паркови и центрите за игра.
Викторија
До 20 лица смеат да се соберат во приватни домови, вклучувајќи ги и членовите на домаќинството. Правилото за собирање до 20 лица се применува и за собирања на отворено и затворено, но граѓаните се молат да се придржуваат до мерките на претпазливост ако имаат намера да се собираат во групи. Луѓето можат да спортуваат во групи до 20 лица се додека се одржува на отворено и сите учесници меѓусебе се одалечени 1.5 метар (нема контактен спорт) и без натпреварување.
Дваесет е посебен број. Токму толку луѓе смеат да се соберат во: салони за убавина, солариуми, салони за депилација, тетовирање, на јавни игралишта, скејт паркови и теретани на отворено, во забавни паркови на отворено, зоолошки градини, базени, галерии, музеи и книжарници, но со примена на различни правила за социјално дистанцирање. Рестораните, кафулињата и останатата услужна индустрија смее повторно да нуди јадења на затворено до 20 лица со почитување на правилата за социјално дистанцирање. Во црквите можат да се соберат верниците со примена на правилата од четири квадратни метри одалеченост еден од друг, 20 лица смеат да присуствуваат на венчавки, а до 50 на погреби (освен ако собирањето не се случува во нечии дом каде е дозволено собирање максимално до 20 лица, вклучувајќи ги и службените лица и вработени). Поголеми собирања ќе бидат можни дури кога одредени држави дополнително ќе ги попуштат рестрикциите, но и тогаш ќе зависи каде и кога. Жителите и понатаму треба да продолжат да работат од дома, ако тоа до сега го правеле.
Нов Јужен Велс
Граѓаните на Нов Јужен Велс овој месец исто така започнаа со намалување на некои од рестрикциите. Од 1 јуни дозволено е собирање на 20 лица на венчавки, 50 лица на погреби и 50 лица на верски обреди со придржување на растојание од четири квадратни метри. Пабовите, клубовите, кафулињата и рестораните смеат да примаат до 50 гости. Салоните за убавина, салоните за нега на нокти, музеи, галерии и книжарници исто така смеат потворно да ги отворат своите врати, но согласно со правилата за социјално дистанцирање и безбедносни насоки против КОВИД -19.
Јужна Австралија
Јужна Австралија исто така е во втората фаза на попуштање на рестрикциите – и тоа со поголеми бројки. Со одржување растојание од 1.5м и правило на четири квадратни метри дозволено е собирање до 80 лица во; ресторани, кафулиња, винарии, пабови, пивници и барови, отворени се кино сали, театри, музеи, галерии и теретани, под услов во една група да нема повеќе од 20 лица. Дозволено е повторно отворање на салони за убавина, тетовирање и масажа, а тренинзите во теретани смеат да се спроведуваат за само десет корисници. До 50 лица смеат да присуствуваат на погреби.
Опремата за вежбање во јавност мора да биде оградена со привремени огради. Теретаните се уште не можат да отворат со полн капацитет во повеќето држави, но се отвораат за користење опрема за вежбање на јавни места.
Дозволени се натпреварувачки спортови без контакт на отворено, теренинзи и натпреварувачки спорт без контакт на затворено како рекреациски активности. Дозволи за контактен спорт на отворено и тренинзи за контактни спортови во затворено треба да се издаваат од 25 јуни.
Северната Територија
Северната Територија влегува во 3-та фаза на планот за попуштање на рестрикциите, каде релаксирањата се меѓу најсилните во Австралија. Од 5 јуни сите компании, установи и услуги за кои порано важеа мерките сега смеат да продолжат со работа, но под услов да се придржуваат на клучните принципи.
Да посетуваат барови без консумација на храна, да одат во ноќни клубови, кино сали, театри, на концерти или во концертни сали или други одредени места за забава. Ќе смеат да учестуваат во лиценцирани активности на игри на среќа, да одат во забавни паркови, центри во заедниците, центри за игра. Има и добри вести за љубителите на спорт во Северната Територија – спортовите, вклучувајќи го и австралиски фудбал, нетбол, кошарка, фудбал, сите можат повторно да се играат, а навивачите односно до вкупно 500 лица смеа да се соберат во арена или стадион или на натпревар кој се одржува во спортски центар во заедниците ако публиката се наоѓа во однапред одреден распоред на седење на трибините.
Спортски настани од над 500 лица мораат да имаат однапред утврден безбедносен план за КОВИД – 19.
Западна Австралија
Следната фаза на попуштање рестрикции во Западна Австралија започна на 6 јуни, оваа држава веќе влегува во 3 фаза на планот за попшутање на рестрикциите.
Ограничени собирања од други причини освен работа ќе се зголемат на сто лица односно на 300 лица за места кои можат да обезбедат одделени простори. Правилото од четири квадратни местри се заменува со правило од два квадратни метри простор по лице од наведената дата, а врз темел на тоа можат да се отворат: Теретани и фитнес тренинзи, контактни спортови и тренинзи, игралишта, скејт паркови и опрема за вежбање на отворено, салони за убавина, нега на нокти, депилација и останати услуги, велнес центри и сауни, галерии, музеи, театри, кино сали, концертни простори, зоолошки градини, забавни паркови и места за видео игри. Освен тоа пабовите, рестораните, кафулињата и баровите од сега смеат да служат алкохол и без послужување храна, а посториите за брза исхрана сега повторно ќе можат да понудат места за седење. Правилото за собирања до сто лица важи за венчавки и погреби. Од споменатата дата за јавност се отвора и Rottnest Island, а регионалните патувања ќе бидат дозволени ширум Западна Австралја вклучувајќи ја и областа Kimberley (во исчекување на одобрување на Комонвелтот за отстранување на ознаките за биосигурно подрачје).
Квинсленд
Втората фаза на попуштање на рестрикциите првобитно беше планирана за 12 јуни, но државаната влада одлучи порано да почне со оваа фаза. Со тоа е дозволено собирање до 20 лица во:
Приватни домаќинства, на јавни места вклучувајќи лагуни, игралишта, скејт паркови, теретани на отворено, ресторани, кафулиња и пабови кои работат согласно со безбедносните правила за КОВИД – 19, безконтактен спорт во заедниците на отворено и затворено, теретани, клубови за одржување здравје, јога студија и установи за лични тренинзи, базени (отворени и затворени), спортски клубови во заедницата, музеи, уметнички галерии, историски знаменитости, паркови, опрема за игра, скејт паркови и теретани на отворено, книжарници, планинарење, кампување и останати рекреациски активности во националните и државните паркови, места за верски активности и цивилни церемонии, затворени кина, сместувања во хотели, забавни паркови, зоолошки градини, простори со видео игри или друга туристичка забава, концерти, театри, концерти сали и стадиони, салони за убавина и нега на нокти, солариуми, салони за тетовирање и велнес центри (со поставување безбедносни правила за КОВИД – 19), на погреби е дозволено присуство до 50 лица, а до 20 лица смеат да присустуваат на венчавки.
Тасманија
Во втората фаза на попуштања на рестрикциите Тасманија ќе се најде од 15 јуни. Како голем број други држави, и тука ќе биде дозволено собирање до 20 лица во затворено и на отворено вклучувајќи и во: Ресторани, кафулиња, кино сали, музеи, галерии, театри и други простори за јавни настапи, на верски собирења и венчавки, за разгледување недвижен имот, како и на аукции, во теретани и кампови за физичка активност, кај даватели на услуги за убавина и во велнес центри, на игралишта и поради физичка активност во парк со користење опрема на отворено вклучувајќи спорт во заедницата, спорт на затворено, вклучувајќи ги и базените. До 50 лица ќе смеат да присуствуваат на погреби.
Правилото за собирање до максимум 20 лица се применува и за кампување, излегување со брод, за ноќевање и привремено сместување, но се очекува дека во оваа фаза контролата на границите ќе остане на сила. Во овој момент владата на Тасманија на својата веб страница вели дека во склоп на другите две фази на попуштања на мерките ќе се ревидираа и бројот на гости во домаќинствата, но се уште не е јасно какви промени ова ќе донесе, моментално посета на домаќинство е дозволено за максимим пет лица.