Австралиските трговски врски со Индија доминираа во разговорите на прајминистерот Малком Турнбул и неговиот индиски колега во Њу Делхи минатава недела. Прајминистерот Малком Турнбул слета во Њу Делхи минатата недела каде беше во четиридневна посета на главниот град на Индија и комерцијалниот центар Мумбаи.
Ова е негова прва посета на овој потконтинент и ги има сите одлики на државна посета почнувајќи од службен пречек во претседателската палата и положување венец во меморијалниот центар на Ганди. Прајминистерот беше почесен гостин на државен банкет, каде се сретна со претседателот и потпретседателот на Индија. Но главна предност на посетата е и можноста да се помине повеќе време со индискиот премиер Нарендр Монди. Турнбул се надева дека тој еден ден што го помина со лидерот на најбрзо растечката економска врска меѓу Австралија и Индија ќе се подигне на ново ниво.
Монди преходно го запознал на маргините на состаноците на G20 во 2015 и 2016 година, а сега со него имаше состанок во четири очи.
Двајцата лидери разговараа за бројни теми, од политички односи, трговија, стратешки врски, меѓународна соработка па се до наука, иновации и енергија. Индија е петти по ред најголем австралиски трговски партнер, а заедничката трговија меѓу двете земји во 2015/2016 година била вредна $19 милијарди, но постои значаен простор за проширување. Но, не се очекува дека за време на посетата на прајминистерот Турнбул ќе се склопи билатерален договор, бидејќи преговорите меѓу двете земји застанаа во средина на 2016 година, кога владата изјави оти мора да направи инвентура. Голем проблем за Индијците е мобилноста на работната сила. Тие би сакале Австралија да ги намали рестрикциите кон странските работници, особено во ИТ услугите, а за возврат ќе ги отвори земјоделските пазари. Но повеќе од стока, Индија ги сака „австралиските мозоци” за да ги ангажира во подрачјето на ИТ технологијата, за да ја засили продуктивноста во земјоделието, управување со логистика и во образованието. Австралија на Индија гледа како на растечка економија која е на најдобар пат да стане трета економија во светот до 2030 година, како на можност да се постигне поголем стратешки дострел.
„Индија покажа дека може да расте со брзо темпо и нуди големи можности за Австралија” – рече Турнбул. Австралискиот јаглен ќе има голема улога во планот на Индија за ширење на енергетската мрежа ширум земјата.