Посета на планината Маседон

MACO- Mакедонско Австралиската Организација на Заедницата минатава сабота, на 26 јули, организираше групно патување до планината Маседон, во чест на Филип Втори, кој бил погубен во јули и роденденот на Александар Македонски, кој се слави на 21 јули. Во чест на двајцата великани, се посети спомен плочата на Mt Macedon која се наоѓа на 70 километри северо–западно од Мелбурн.

На местото каде е поставена плочата со името на планината звукот на гајда ги пречекуваше Македонците што со знамиња пристигнуваа од Мелбурн. Групите со автобуси беа организирани од: Епинг, Томастаун, Мил Парк и Саншајн. Ччеститка за МАСО која за исклучително краток временски период ја организираше оваа посета на планината, која е овековечена во филмот Пикникот на Хенгинг Рокс, снимен според истоимената книга во 1975 година од познатиот режишсер Питер Вир.
Ваква посета долги години организираше и црковната општина “Успение на Пресвета Богородица”.
Планината Маседон е именувана со своето име во 1836 година, кога првата експедиција од Сиднеј се упатила во регионот што денеска е западен дел на Викторија. Задачата на експедицијата била да се искачат на врвот на планината и оттаму да се види Порт Филип кој веќе бил истражен за да се утврди точната позиција на врвот. Името Маунт Маседон планината го добила од самите истражувачи заради самата конфигурација на теренот, асоцијацијата со Порт Филип и името на Филип од Маседон, таткото на Александар Македонски.

Останати вести