Минатата седмица во Битолското пензионерско друштво имаше интересен настан во кој 110 ученици од Лајло Норт прајмари дојдоа да ги посетат.
Во ова училиште има двојазична програма каде во нормалната настава се изучува македонски јазик. Присутни беа во голем број нивните баби, дедовци и родители. Младите ученици за нивната изведба беа наградени со сок и чипс, а се подразбира дека имаше голем аплауз за нив. Можеше да се забележи убава насмевка и весело расположение на сите лица.
