После 10 години во Австралија доаѓа најдоброто од Македонија!

Живата легенда на народната и новокомпираната музика Наум Петрески после 10 години тргнува на голема турнеја во Австралија.

Овојпат Наум е подржуван од една од најпопуларните пејачки Зуица Лазова, моментално најактуелниот клавијатурист Илија Тота, кој на поголемите настани ги придружува исклучиво најдобрите Македонски пејачи. Во екипата е и еден од најдобрите виолинисти во Македонија, Џевад Рамадановски од групата Чардак. Ова е таа одбрана екипа што во мај и јуни ќе има концерти ширум Австралија, иако е рано за букирање, дел од концертите се скоро распродадени. Организатор на овие концерти е Охридското социално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн. Како што не информира организаторот веќе се бара карта повеќе, но велат доколку има потреба ќе има и дупли концерти. Засега побарувачката е подобра од очекуваното. Наум Петрески овајпат оди со ново цд и нови хитови: Оди sвездо, Не си одиме дома рано и други. Наум ќе ја потсети публиката на неговите евергрини: Наум и Деспина, Лазарополе, Наде, Има ли песна, и уште многу друѓи хитови. Освен ова концертите овојпат ќе бидат снимени и прикажани од екипа на ИНТВ и ќе бидат прикажани освен на ИНТВ и на уште неколку телевизии низ Македонија, а познатиот Охридски бал ќе се емитува во живо на ИНТВ и Фолк клуб тв. А гледачите ќе имаат можност овој голем настан да го гледаат во Америка, Канада, Европа и Австралија.

Останати вести