Поштарите ќе бидат заменети со дронови

Гугл откри дека развива систем за достава на пошта со дронови во Австралија наречен Project Wing.

Николас Рој, основач на Project Wing, изјави дека технолошкиот гигант тајно работел на проектот цели две години во Гугл Х, сектор во Гугл кој е насочен на развиток на големи технолошки откритија.

Резултатот е стабилен систем кој ќе може да врши автоматска достава. Во видеото објавено од компанијата се вели дека досега се направени успешни тестови на достава на кутија за брза помош, колачи и вода до некои фармери.

Иако овој систем од Гугл го сметаат како голем напредок тие велат дека ова е само почеток на работата и дека се уште не е дојдено време во кое дроновите би се користеле во секојдневниот живот.

Останати вести