Кралицата постхумно одликува тинејџер кој загинал во 1942 година

Кралицата Елизабета Втора постхумно одликува морнар кој загинал за време на Втората светска војна кога потонал заедно со воен брод додека пукал на јапонски авиони, соопшти нејзиниот претставник во Австралија.

Генералниот гувернер на Австралија David Hurley вели дека кралицата Елизабета го прифатила барањето на владата да му се оддаде почест на Едвард „Теди” Шеан, за храброста покажана во 1942 година.
Шеан ќе биде награден со Големиот крст од Кралскиот викторијански ред, највисока британска почест.
Осумнаесетгодишникот се врзал за против авионски топ за да пука на јапонските авиони кои ги напаѓале неговите соборци во водата додека нивната корвета Армидал тонела во близина на брегот на Тимор.
Преживеаните раскажуваат како Шеан продолжил да пука на авионите и кога бродот потонал под површината на водата. Соборил еден авион и ги растерал останатите кои ги убивале морнарите што била во водата.
Прајминистерот Скот Морисон вели дека одборот уште пред многу години заклучил оти Шеан треба постхумно да го добие Викторискиот крст, прв кој ќе биде врачен на припадник на австралиската морнарица.

Останати вести