Неколку причини зошто чувствувате постојан умор

Дали Ви се случува често да спиете, или да сакате да спиете? Има многу причини зошто така се чувствувате: начинот на живот, колку се движите, што внесувате во себе итн.

Секако, постојат и медицински причини. Прочитајте дали се пронаоѓате:

Начин на живот – Најпрво треба да размислите дали причината за постојаниот умор е во Вашиот начин на живот, што значи да ги преиспитате животните навики пред да правите други промени.

Седење – со вежбање се троши енергија и сте поуморни, при што сигурно сте дошле до заклучок дека со седење таа се чува. Но ова е сосема погрешно, затоа што постојаното седење води до уште поголем умор.

Кофеин – некои луѓе не функционираат без утринско кафе и тоа не е лошо затоа што кофеинот го блокира неуротрансмитерот аденозин кој не прави поспани. Но затоа треба да не пиете кафе пред да одите на спиење.

Медицински причини – Многу медицински причини можат да предизвикаат умор. Дијагнозите препуштете им ги на струќнаците ако сметате дека една од овие работи е причина за Вашиот умор.

Анемија – анемијата се случува поради недостаток на црвени крвни зрнца кои до органите ги носи кислородот. Недостатокот од кислорот предизвикува умор, а резултатот може да биде помало производство на еритроцити или друг проблем.

Апнеа – прва работа која е важна наутро е дали сте спиеле цела ноќ или се чувствувате како воопшто да не сте спиеле. Апнеата се случува додека спиеме и кога се менува ритамот на дишење, па се појавува хрчење, а почеста е кај мажи и луѓе со вишок килограми. Таа може да доведе и до утрински главоболки, несоница, промена на расположението итн.

Нарушување на штитната жлезда – штитната жлезда ги произведува хормоните кои одредуваат како се користи енергијата која телото ја создава со внес на храна: контрола на метаболизмот, работа на срце, мускули, коски и холестерол. Пореметувањето на нејзината работа може да влијае на тоа да сте уморни, можеби се работи за хипотироидизам, но оваа состојба се лечи со лекови.

Психолошки проблеми – две психолошки состојби може да доведат до постојан умор: депресија и анксиозност. Депресијата е многу повеќе од она за што луѓето секојдневно го користат овој израз. Луѓето со оваа состојба освен што се уморни, често имаат чувство на вина, неодлучност, разочарување и се со суицидни мисли. Тие се повлекуваат и бегаат дури и од најблиските, а ништо што прават не им причинува задоволство. Анксиозноста е предизвикана од секојдневен стрес, од работа, врски, финансиски грижи и сл. Таа води до умор и предизвикува несоница. За овие две состојби за жал нема брзо и лесно решение и треба да се консултирате со стручни лица.

Останати вести